Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Сиљановска-Давкова со македонските иселеници во Белгија: Врските со дијаспората мора да се продлабочуваат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на работната посета на Брисел остварила средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на работната посета на Брисел остварила средба со претставници на дијаспората во Белгија.

– Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции – соопшти Кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова посочила дека географската дистанција не значи и духовно оддалечување од татковината оти човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него.

Реклама

Таа истакнала дека врските со дијаспората мора да се негуваат, да се шират и да се продлабочуваат, без оглед на етничкото потекло, јазикот или генерацијата на која ѝ припаѓаат иселениците.

Некои од присутните ја истакнале подготвеноста преку различни проекти да ги споделат стекнатите знаења и искуства со македонските граѓани, како и својата експертиза и професионалните контакти да ги стават во функција на унапредувањето на трговската размена и поефикасното користење на европските фондови.

Од Кабинетот на претседателката додаваат дека таа потенцирала оти дијаспората не смее да биде само набљудувач на општествените процеси, туку активен и рамноправен партнер во нивното обликување преку институционално поврзување, размена на знаења и искуства и непосредно учество во креирањето политики.