Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Андоновски: Европската комисија го препозна напредокот во дигитализацијата на Македонија

Во извештајот за напредокот на Република Македонија за 2026 година, во Поглавјето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во извештајот за напредокот на Република Македонија за 2026 година, во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, Европската комисија констатира „добар напредок“ и го подигнува нивото на подготвеност на државата – нагласува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

– Европската комисија го препозна напредокот во дигитализацијата на Македонија. Од оценка „ограничен напредок“ во периодот 2021 – 2024 преку „одреден напредок“ во 2025, до „добар напредок“ годинава. Зад оваа промена стојат многу работа, посветен тим и конкретни резултати. Повеќе електронски услуги и удвоено користење од граѓаните. Подобра електронска размена на податоци меѓу институциите. Зајакната кибербезбедност. Нови закони и стратегии усогласени со европските стандарди – напиша Андоновски на објавата на „Фејсбук“.

За мене, како што посочува министерот, најважно е реформите да се чувствуваат во секојдневието – помалку чекање, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните и компаниите.

Реклама

– Оценката е признание за сработеното и обврска да продолжиме уште посилно. Ја градиме дигитална Македонија – потенцира министерот Андоновски.