Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Традиција, фолклор и вкусови на Пијанец: Во делчевското село Град за првпат се одржа манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“

Во делчевското село Град, познато по долгогодишната традиција на одгледување сина слива,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во делчевското село Град, познато по долгогодишната традиција на одгледување сина слива, денеска за првпат се одржа традиционално-културната и стопанска манифестација „Пијанечки денови на сливата“.

Настанот, чија цел е промоција и валоризација на земјоделските, занаетчиските и руралните потенцијали на Општина Делчево, привлече голем број посетители, излагачи и гости од повеќе градови низ државата.

Манифестацијата е замислена како патувачки промотор на селата во овој крај. Ванчо Новоселски од организацискиот одбор истакна дека ова е прв чекор кон поширока промоција на пијанечките села.

Реклама

-Ова е прва ваква промоција на селата во општина Делчево. Идејата е манифестацијата да ги промовира потенцијалите на нашите населени места, а планираме во иднина да се одржува и во други села од општината. Годинава имаме гости од Кичево, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Пехчево, Берово, како и од нашите локални и образовни институции, изјави Новоселски.

На свеченото официјално отворање пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој ја подвлече важноста од зачувување на автохтоните вредности и поддршката за руралниот развој.

-Селото Град е препознатлив знак за одгледувањето на сината слива. Со оваа манифестација не само што ја славиме работата на нашите вредни домаќини, туку и ги отвораме вратите за руралниот развој и туризмот во целата општина Делчево. Наша цел е „Пијанечките денови на сливата“ да станат препознатлива традиција која ќе ги обединува сите наши населени места — истакна градоначалникот Гоцевски.

Централен дел од манифестацијата беше автентичното варење ракија од сина слива. На самиот мегдан беше поставен ракиџиски казан, а посебна комисија ги обиколуваше и приватните дворови во селото за да оцени каде се подготвува најквалитетната пијанечка ракија.

Мики Џабирски, еден од мештаните кои го прикажаа процесот на казанот го објасни традиционалниот начин на подготовка:

-За првпат во село Град е ова и добро е, има доста луѓе од сите страни. Ракија се знае како се прави: се собира сливата, се става во буре, ферментира до редно време и после се става во казанот. Денес пошто е ладно ќе треба повеќе време… Во овој казан има 100 кила комиње, треба да излезат околу 15 кила здрава ракија, посочи Џабирски.

На богатите штандови можеше да се сретне од традиционален маџун и грнчарија до средношколски специјалитети. Посетителите имаа можност да дегустираат и купат разни домашни производи, занаетчиски изработки и традиционални јадења изложени на десетици штандови.

Меѓу излагачите беше Блаже Анчев од Кавадарци, кој го претстави гроздовиот маџун како автентичен македонски производ.

-Маџунот е производство од грозје — ширата се бере, се муља и се вари. Повеќето луѓе искрено мислат дека е мармалад, не го знаат сите во Македонија, па одиме по манифестации низ селата и градовите да го претставиме. Сега идам првпат тука, феноменално е, малку е ладно ама луѓето се топ, изјави Анчев.

Голем интерес предизвикаа и традиционалните грнчарски садови донесени од Кичево. Мартин Митрашковски, претставник на четиригенерациско грнчарско семејство, ги сподели своите импресии:

-Дознавме за настанот од социјалните мрежи, изработуваме земјени производи за готвење, садови за вода, за ракија… Четири генерации сме со занаетот, јас сум четвртата генерација каде што го работам занаетот. Село Град е супер, има купувачи и организацијата е супер организирана, истакна Митрашковски.

На штандовите се купуваа и месни производи од Прилеп, од каде еден од излагачите изјави:

-Се занимаваме со ова околу 20 години како семејство и редовно учествуваме на вакви манифестации. За село Град, првично — одлично, и местоположбата и народот е добар.

Традицијата на рачни изработки од волна на Пијанечките денови на сливата ја претстави Фроска Каракутовска:

— Истражувам и повеќе години ги усовршувам овие волнени производи — плетени работи, украсни шишиња обложени со волна… Во старите времиња нашите се плеле, се облекувале, ткаеле и биле поздрави — порача Каракутовска.

Младите исто така дадоа голем придонес. Покрај децата од основното училиште, свој штанд со традиционални производи од слива имаа и учениците од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ од Делчево, за што професорката од училиштето појасни:

— Средното општинско училиште традиционално учествува на манифестацијата. За време на часовите, како практична настава, учениците од прехранбената насока подготвуваат различни традиционални производи кои ги изложуваат овде.

Со свои маси учествуваа и Здружението на пензионери, Општина Делчево и НУ Центар за култура.

Во рамки на настанот беа доделени награди за најдобрата ракија и најбогатите штандови
Целокупниот настан беше збогатен со културно-уметничка програма, фолклорни настапи и народни ора.

Манифестацијата заврши со свечено доделување на награди и благодарници. Оценувачката комисија ги прогласи најдобрите во категоријата за најдобра дестилирана ракија од сина слива, а беа наградени и најкреативно уредените и најбогати штандови со традиционални производи.