Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Прилози

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

Македонија посветено ги исполнува реформите од Планот за раст, но очекувано и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија посветено ги исполнува реформите од Планот за раст, но очекувано и натаму се инситира на уставните измени како главен услов за евроинтеграциите.   Европската Комисија го објавиви најновиот извештај за напредокот на земјите кандидати за членство.  За Брисел билатералните договори со соседните земји треба да се спроведуваат добронамерно од сите страни, како Преспанскиот, така и за добрососедство со Бугарија. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, повторно со истиот наратив дека  Македонија мора да ги стави Бугарите во Устав, за да ги отвори кластерите.

-Македонија покажа посветеност во спроведувањето на реформите во рамки на Реформската агенда, нотреба да ја покаже иста одлучност и за напредок на својот пристапен пат со усвојување на уставните измени што претставува нејзин услов согласно заклучоците на Европскиот совет од 18 јули 2022 година, изјави Марта Кос.

Брисел критикува дека корупцијата останува широко распространета. Оценката е дека Македонија се наоѓа помеѓу одредено и умерено ниво на подготвеност за справување со проблемот.

Реклама

-Корупцијата останува широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост. Измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година, кои се однесуваат на кривичните дела „злоупотреба на службената положба“ и „злосторничко здружување“ не ги решаваат соодветно негативните последици од измените од 2023 година и придонесоа за правна несигурност, се вели во извештајот

Критики повторно и за правосудствотом, судскиот систем останува под надворешно влијание,  се наведува во документот. Во однос на актуелните судски процеси поврзани со корупција во најновите извештај има и зебелешки дека и натаму има одложувања и застарувања. Се препорачува да се донесат нов Кривичен законик и Закон за кривична постапка.

-Севкупната независност и финансиската автономија на правосудството се нарушени поради постојаното мешање од страна на другите гранки на власта, како и поради драстичниот недостиг на финансиски и човечки ресурси, се вели во извештајот.

Во однос на проширувањето, Марта Кос кажа дека во првото тримесечје од следната година ќе започне дијалог околу новиот модел на интеграција, односно т.н постепено членство. Црна Гора е најнапредна држава во интеграциите, која може да стане членка во 2028-ма година, па следуваат Албанија, Украина и Молдавија, додека напредок не се констатира за Србија и Босна и Херцеговина.

Матеја Петровски