– Заменик-координаторот на Пратеничката група на Вреди, Аднан Азизи денеска во Собранието се сретна со заменик-амбасадорот на Франција, Филип Маршето.
За време на средбата, информираат од собраниската прес-служба, се разговараше за прашања од значење за демократските и интеграциските процеси во земјата, со посебен акцент на Изборниот законик, Реформската агенда и актуелната политичка состојба во земјата.
Посебно внимание беше посветено на реформите во правосудството, борбата против корупцијата и унапредувањето на процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија.
Исто така, се разговараше за важноста на поддршката од Европската Унија во надминувањето на предизвиците со кои се соочува земјата, како и за продолжувањето на соработката со европските партнери во спроведувањето на реформите и исполнувањето на приоритетите на патот кон членство во ЕУ.

