Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Разоткриен е вистинскиот мотив зад кампањата на СДСМ и Филипче против Алта банка

СДСМ и Венко Филипче со месеци ја политизираат темата за Алта банка. …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче со месеци ја политизираат темата за Алта банка.  Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДСМ и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во заднина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДСМ Филипче и кланот Заеви, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Филипче и СДСМ со притисокот кон НБРМ и Алта банка создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена.

Целта на СДСМ и Филипче е да се создаде недоверба, да се предизвика паника и да се наруши угледот и пазарната позиција на банката, со што евентуално би се создале услови за нејзино преземање по значително пониска цена од страна на бизнис-кругови блиски до Филипче и Заев.

Реклама

Доказ што ја поткрепува оваа информација е и прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на Алта банка, со што прави кривично дело според член 315 од КЗ.

Филипче и СДСМ прават груба политичка злоупотреба креирајќи паника, а зад тој параван стојат приватни економски интереси на Филипче и кланот Заеви.

Граѓаните да бидат спокојни. Сè додека премиер е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат.