Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Павловска-Данева: Ефикасноста на уставното судство подразбира достапност, навременост, транспарентност и ефективна нормативна контрола

Делегација на Уставниот суд на Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Уставниот суд на Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, учествуваше на меѓународната конференција во Белград, одржана по повод „20 години од Уставот на Република Србија“. Настанот се одржа од 28 до 30 октомври 2026 година во Република Србија.
Во рамки на третата панел-дискусија, посветена на нормативната контрола, теоријата и практиката, свое излагање имаше судијката проф. д-р Ана Павловска-Данева.

Судијата проф. д-р Ана Павловска Данева во своето излагање на тема „Механизми за подобрување на ефикасноста на уставното судство во вршење општа нормативна контрола“ истакна дека ефикасноста во спроведувањето на оваа дејност не се сведува само на постигнување на поголеми резултати со помалку вложени средства, туку тоа има многу пошироко значење кое опфаќа:

1. Достапност до Уставниот суд,

Реклама

2. Навременост во постапувањето која е поврзана со предметот на нормативна контрола што е во надлежност на Судот и неговиот обем;

3. Транспарентност на Судот изразена преку објавувањето на издвоените мислења на судиите;

4. Употреба на интерпретативни одлуки како начин за отстранување на неуставните значења на законските норми без нивно укинување.

Прашањата кои судија д-р Ана Павловска-Данева на конференцијата ги отвори за дебата во меѓународната стручна и научна јавност се однесуваат на потребата од редистрибуција на надлежноста за оценка на законитоста на подзаконските акти на единиците на локалната самоуправа од уставното во редовното судство по примерот на хрватскиот модел.

Истовремено, судија Павловска-Данева го потенцираше значењето на апстрактната нормативна контрола бидејќи токму преку оваа дејност секој уставен суд ја остварува својата улога на врховен чувар на највисоките правни идеали како што се правдата, слободата, еднаквоста и правната сигурност.

Во фокусот на дискусиите беа развојот на уставноста, современите предизвици на уставното судство, заштитата на човековите права, вештачката интелигенција и гаранциите за фер судење пред уставните судови.

Конференцијата обедини претседатели и судии на уставни судови, судии на Европскиот суд за човекови права, претставници на Венецијанската комисија, високи претставници на правосудни институции и универзитетски професори.