Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ѝ ја честита победата на Илијана Јотова, која победи вчера на претседателските избори во Бугарија.
– Во име на македонските граѓани и од мое лично име им ја честитам изборната победа на претседателката Илијана Јотова и на потпретседателот Кирил Валчев. Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека за време на нејзиниот мандат Бугарија ќе одигра конструктивна улога во нашиот регион и во Европа – напиша претседателкат на мрежата Х.
Претседателката изрази уверување дека ќе ја продолжат меѓусебната соработка со меѓусебна почит, отворен дијалог и искрено партнерство.
– Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да ги унапредиме мирот, стабилноста и просперитетот – додава Сиљановска-Давкова во објавата.
Кандидидтската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев вчера победија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија со 57,58 отсто од гласовите, а Андреј Ѓуров и Георги Кандев добија 39,47 проценти.

