Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Сали на средба со ирскиот министер Бирн: Проширувањето на ЕУ треба да донесе конкретен напредок за земјите што спроведуваат реформи

Во рамките на официјалната посета на Ирска, првиот заменик-претседател на Владата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на официјалната посета на Ирска, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, остварил средба со ирскиот министер за европски прашања, Томас Бирн. Во фокусот беа проширувањето на Европската Унија, европската перспектива на земјава и билатералната соработка.

-Министерот Сали ја истакна континуираната поддршка на Ирска за правичен, предвидлив и меритократски процес на проширување, како и значењето што ирското претседателство со Советот на ЕУ му го придава на ова стратешко прашање. Тој нагласи дека политичката посветеност треба да се преточи во конкретни одлуки и резултати за земјите кандидати што ги исполнуваат критериумите и ги спроведуваат реформите – стои во соопштението на МЕП.

На средбата биле разгледани реформите во владеењето на правото и јавната администрација, Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, како и можностите за постепена интеграција во политиките и единствениот пазар на ЕУ пред полноправното членство.

Реклама

Сали нагласил дека придобивките од интеграцијата треба да бидат видливи за граѓаните и компаниите. Како пример било посочено учеството во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), кое, според податоците во материјалите за средбата, донело проценети заштеди од над пет милиони евра.

Од Министерството наведуваат дека двајцата соговорници го истакнале и значењето на институционалната соработка, размената на експертиза и јакнењето на административните капацитети, како и потребата идната повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за 2028–2034 година да го одрази проширувањето како стратешки приоритет.

Министерот Сали ја потврдил посветеноста на Северна Македонија на реформите и полноправното членство во ЕУ, нагласувајќи дека пристапниот процес мора да остане кредибилен, правичен и заснован на мерливи резултати.