Реклама

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Македонија

Во Скопје почнува 14. издание на симпозиумот за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“

Четиринаесеттото издание на Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четиринаесеттото издание на Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“ ќе биде свечено отворено денеска во 10 часот во Музејот на македонската борба во Скопје. Симпозиумот, во организација на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, ќе трае до 1 ноември.

На свеченото отворање ќе се обратат претседателот на Меѓународниот организациски и научен комитет, проф. д-р Митко Б. Панов, коорганизаторот од Универзитетот во Болоња, проф. д-р Џузепе Маино, деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Илче Мицевски Игнат, директорката на Музејот на македонската борба, Анче Илиевска, амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери, како и архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан.

Во рамките на отворањето ќе биде промовиран и зборникот на трудови „Вмрежување“ од тринаесеттиот меѓународен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, одржан во 2025 година. Во публикацијата се истражуваат политичките, дипломатските, црковните, интелектуалните и културните мрежи во византискиот и средновековниот свет.

Реклама

Специјалната тематска целина на годинашното издание е „Граници“ (Borders), посветена на политичките, религиозните, културните и симболичките разграничувања во византискиот и средновековниот свет, но и на интеракциите и поврзувањата што ги надминувале тие граници.

Пленарното предавање ќе го одржи проф. д-р Нора Беренд од Универзитетот во Кембриџ, на тема „Замислувајќи ги границите во средниот век“ (Imagining Borders in the Middle Ages).

На шесте научни сесии, што ќе се одржат денеска и утре во Музејот на македонската борба, свои трудови ќе презентираат истражувачи од универзитети и научни институции од повеќе од 15 земји. Широкиот тематски опфат и интердисциплинарниот пристап ја потврдуваат меѓународната препознатливост на симпозиумот и неговиот придонес во развојот на византиските и средновековните студии.

„Денови на Јустинијан I“ се афирмираа како меѓународен академски форум што обединува истражувачи и поттикнува научен дијалог за византиското и средновековното историско, културно и духовно наследство.

Значењето на симпозиумот се огледува и во градењето трајни академски и културни врски меѓу Македонија и Италија. Јустинијан I, родум од околината на Скопје, оставил значајно наследство во Италија, особено во Равена. Преку соработката меѓу Скопје, Болоња и Равена, симпозиумот го поврзува заедничкото историско наследство со современото академско партнерство и меѓународната културна соработка.

Симпозиумот традиционално се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, како и со поддршка од Амбасадата на Италија, Музејот на македонската борба и Македонската православна црква – Охридска архиепископија.