Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Дваесет години од смртта на Димитрие Османли и 65 години од „Мирно лето“

– Кинотеката на Македонија вечер ќе одбележи две значајни годишници од историјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Кинотеката на Македонија вечер ќе одбележи две значајни годишници од историјата на македонската кинематографија: 20 години од смртта на режисерот и филмски автор Димитрие Рули Османли и 65 години од снимањето на „Мирно лето“ (1961), првата македонска филмска комедија и првиот филм во македонската кинематографија режиран од македонски филмски автор.

-Освен „Мирно лето“, во рамките на програмата ќе бидат прикажани и документарниот филм „Девојките од Мали“ (1963), како и Филмските журнали бр. 4 и бр. 6 од 1946 година, исто така во режија на Османли, кои претставуваат драгоцено сведоштво за времето и за развојот на филмската продукција во Македонија, информираат од Кинотека на Македонија.

Димитрие Османли е автор и на редица други значајни остварувања во македонската играна и документарна продукција. Покрај гореспоменатите, тука се и играните филмови „Мементо“ (1967), „Жед“ (1971) и „Ангели на отпад“ (1995), како и документарните „Распламтени факли“ (1956), „Афион“ (1962), „Културно богатство во урнатини“ (1963), „Кеј 13 Ноември“ (1964) и наградуваниот „Дванаесетте од Папрадник“ (1965). Неговиот кусометражен игран филм „Бунт на куклите“ (1957) во 2022 година го отвори прочуениот Фестивал на новореставрирани филмови „Ил чинема ритровато” во Болоња, а признанието што го доби македонската кинематографија со неговата проекцијата во Болоња е дотолку поголемо, што ова беше прв и засега единствен македонски филм прикажан на овој реномиран фестивал. Во 2023 г., пак, на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, „Мементо“ беше прикажан во рамките на југословенската ретроспектива на „црниот бран“ во реномираниот њујоршки Музеј на современа уметност – МоМА каде што режисерската постапка на Османли во овој филм беше споредена со онаа на големиот француски режисер Ален Ренѐ во неговиот култен филм „Хирошима, љубов моја“.

Реклама

Покрај тоа што е прва комедија, „Мирно лето“, исто така, е и прв македонски филм на современа тема затоа што до 1961 г. играните филмови биле претежно на теми од Втората светска војна. За „Девојките од Мали“, пак, „Вардар филм“ ја добива продуцентската награда на Фестивалот на југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград 1964 г. 

Пред почетокот на проекциите, на присутните ќе им се обрати директорот на Кинотеката на Македонија, Бошко Грујоски, кој ќе се осврне на значењето на творештвото на Димитрие Османли и неговиот придонес во македонската филмска историја.

Со овие проекции, Кинотеката, како што велат оттаму, продолжува да ја чува и да ја афирмира македонската филмска меморија, потсетувајќи на авторите, делата и историските моменти што ја обликувале нашата кинематографија.