Македонското градежништво со нова визија за развој на оваа гранка. Големите капитални инвестиции во инфраструктурните проекти кои ги вложува државата мора да бидат потстрек за македонските компании од подизведувачи да станат главни изведувачи. Вишокот на средства кои остануваат од градбата на инфраструктурните проекти, македонските компании мора да ги трошат за нови знаења и нова механизација, за да може за кратко време од подизведувачи да стекнат искуство за да бидат главни изведувачи на големи инфраструктурни проекти сметаат тие. Пример за тоа е Гранит, кој ќе биде главен изведувач на автопатот од Скопје до Блаце, но овој тренд мора да го следат и останатите.
„Сите треба да ги поткренеме капацитетите за да може ние да се вложиме во тој БДП, со наше учество за да може таа акумулација да оистане кај нас и потоа да ни го крене нивото, кога ќе дојде да правиме помасовна градба, да можеме со нашите капацитети, веќе кренати да уествуваме рамноправно со сите странци, да не бидеме веќе еднаш како неоја слаба експозитура на нив, туку да влијаеме и да придонесеме за квалитето, бидејќи тие трајни вредности остануваат да ки користиме ние“, вели Дејан Мирсинов, од „Дематли инвест груп“.
Дел од македонските компании веќе имаат развиено капацитети за изградба на помали инфраструктурни проекти. Препознатливи се надвор и градат во соседството.
„Македонските компании, неколку македонски компании, можам д акажам солидно над нивото на многу светски компании сеносиме и особено во регионот. Ние градиме во неколку држави како што е Грција, Словенија и Србија и неколку макеоднски компании мже да се носат и да бидат рамо до рамо со многу светски компании и не би рекла тие не поттикнуват нас, туку ние нив“, потенцира Драгана Чифлиганец од АДОРА Инженеринг.
Инфраструктурните проекти учествуваат со најголем дел од растот на економијата, но за зголемената вкупна потрошувачка влијае и изградбата на становите. За градежниците, купувањето стан не значи само раздвижување на пазарот на ндевижностите, туку и придвижување на серија индустрии кои придонесуваат за раст на сите сегменти, поради кои македонската економија бележи рекорден раст.
„Знаеме добар дел од купувачите се наши, македонски државјани кои се на времен престој во странство и на привремена работа и е многу добар тренд. Значи јас ги поздравувам и им честитам на таа одлука да тие средства си ги инвестираат во сопствената држава“, додаде Мирсинов.
Градежништвото останува во фокусот на оваа Влада. Потврда за тоа е и последната најава на вицепремиерот Николоски кој пред германските инвеститори го изложи планот за актуелните, но и проектите кои допрва ќе треба да се реализираат, како двата нови експресни патишта кон Бугарија или железницата кон Албанија. За ова веќе има интерес од германски компании, што само потврдува какви се перспективите за домашната оператива.

