Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески, родителите на загинатите бараат вистина и правда 

Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната за вештакот Петре Русески денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната за вештакот Петре Русески денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. 

Пред почетокот на денешното рочиште, Александар Наунов, родител на едно од загинатите деца, во име на семејствата, изрази поддршка за Јавното обвинителство и за неговото постапување при вкрстеното испитување на вештакот на одбраната, оценувајќи дека со нив на претходното рочиште биле изнесени на виделина сериозни противречности во неговиот исказ. 

Наунов посочи дека е важно стручните тврдења да се засноваат на објективни и проверливи сознанија и порача дека судската постапка не е само за утврдување правна одговорност, туку и борба за вистината и правдата за 63-те загинати. 

Реклама

– Во судница во која се одлучува за одговорноста за изгубени човечки животи, не смее да има простор за релативизирање на фактите, за селективно толкување на доказите или за обиди вистината да се прикаже поинаку од она што навистина се случило. Затоа, ваквиот пристап на обвинителството заслужува поддршка, со очекување дека истата доследност, решителност и професионалност ќе продолжат до целосното расветлување на трагедијата. Но, зад сите правни аргументи, вештачења, докази и судски рочишта стои една неизмерна човечка болка. Стојат 63 прерано згаснати животи. 63 насмевки што никогаш повеќе нема да ги видиме, 63 неостварени соништа и иднини кои сурово беа прекинати – изјави Наунов. 

На претходното рочиште, Русески, кој го изработил градежното вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети, остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил на својата намена и дека изведените зафати претставувале градежно-занаетчиски работи. 

Обвинителството, пак, отвори прашања за опфатот на неговото вештачење, безбедносните аспекти на објектот и претходните професионални ангажмани. 

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. 

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи за време на концерт на групата ДНК, на 16 март 2025 година, кога загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.