Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Промоција на романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска вечерва во Куманово

Промоција на романот „Три Марии“ од писателката Оливера Ќорвезироска ќе се одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промоција на романот „Три Марии“ од писателката Оливера Ќорвезироска ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Промотор на романот ќе биде Ермис Лафазановски, а извадоци од делото ќе читаат актерките Александра Михајловска Величковски и Нина Максимова. Настанот, како што информираа од НУЦК  е дел од годишната литературна програма на Центарот за култура за 2026 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.Промоцијата е одлична  можност за средба на публиката со современата македонска книжевност и афирмација на домашното литературно творештво.

Романот „Три Марии“ отвора теми поврзани со женските искуства, личните и колективните приказни, домот, идентитетот и семејството, преиспитувајќи ги начините на кои литературата ги обработува личните судбини и реалноста во која живееме. Делото доби три значајни книжевни признанија „Рациново признание“ за најуспешно книжевно дело, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно дело и наградата „Роман на годината“ за 2025 година, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Преку разговорот за романот и неговите книжевни слоеви, публиката ќе има можност поблиску да се запознае со творештвото на Оливера Ќорвезироска и со темите што ги отвора нејзиното наградувано дело.