Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето, се стави во функција ХС „Спас за Дојранското Езеро“

Општина Дојран продолжува со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дојран продолжува со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните, подобра инфраструктура и посветла иднина за градот и Дојранското Езеро. Во изминатата година се работи на неколку клучни проекти кои ќе го подобрат животот во Дојран. Се направи реконструкција на главните патни правци. Реконструирани се 2 километри од главниот регионален пат во Стар Дојран и 500 метри во Нов Дојран, со што се подобрува безбедноста и пристапноста за граѓаните и туристите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се подобрува водоснабдувањето, реконструирани се 750 метри од водоводната мрежа во Нов Дојран, а со навремено откривање и санирање на дефектите е постигната поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во Стар Дојран и неговите повисоки делови во текот на летото.

Се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“  кој е значаен чекор во насока на заштита на езерскиот екосистем и подобрување на условите за зачувување на природното богатство на Дојран.

Реклама

Паралелно, општината инвестира во комуналната инфраструктура, јавната чистота, спортот, туризмот и поддршката на семејствата, со зголемена финансиска помош за првачињата и новороденчињата.

Дојран заслужува развој што се гледа, проекти што се чувствуваат и резултати што остануваат. 

Со посветена работа и конкретни инвестиции, Општина Дојран продолжува да гради подобри услови за живот на граѓаните и да го развива градот како атрактивна туристичка дестинација.