Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM падна на четврто место во Брвеница, а Филипче слави дебакл, граѓаните знаат кој работи и носи резултати

СДСM доби јасна политичка порака на изборите во Брвеница. Резултатите во Брвеница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM доби јасна политичка порака на изборите во Брвеница. Резултатите во Брвеница покажаа дека СДСM под раководство на Венко Филипче, се соочува со сериозен пад на довербата кај граѓаните. СДСM во Брвеница не изгуби само гласови. Изборот на граѓаните покажа дека СДСM и Венко Филипче немаат доверба, немаат политичка тежина, ниту пак кредибилитет, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата е јасна и очигледна. ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа од околу 3.000 гласови или приближно 40% од гласовите, а СДС доби 707 гласови или околу 9%. СДСM беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ 4 спрема 1.

Во недостаток на нова визија, програма, јасна политика, убедливи решенија партијата на Филипче четвртото место и дебаклот се обидува да го слави како успех.

Реклама

Партијата на чело со Филипче е заробена во старите политики и старите центри на влијание под менторство на Заев, и граѓаните тоа го препознаа.

Затоа, не бараме оставка од Венко Филипче. Напротив, сметаме дека треба да продолжи да го води СДСM. Колку подолго партијата останува во оваа политичка стратегија, толку појасно граѓаните ќе можат да ја оценат разликата меѓу празната политичка самоувереност на СДСM и конкретните резултати на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните во Брвеница не гласаат за политички претстави и самопрогласени победи на СДСM. Гласаат за работа, одговорност и резултати кои ги носи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со реализација на проекти и мерки во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги исполнува ветувањата  и  да ја оправдува довербата што ја добива од граѓаните.

Брвеница испрати јасна порака. Прашањето е дали СДСM и Филипче имаат политичка зрелост да ја разберат.