Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Без вода дел од Карпош, прекини на струја во Чаир, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Сопиште

 Без вода денеска од 8:30 часот до завршување на работните активности ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Без вода денеска од 8:30 часот до завршување на работните активности ќе бидат корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, како и улиците „Васил Стефановски“, „Петар Поп Арсов“, „Костурски Херои“ и „Борка Талевски“ во Скопје.

Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник Ф-150 милиметри на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај поранешна „Треска“.

Без електрична енергија дебеска од 8 до 11:30 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците „Славеј Планина“, „Прохор Пчински“ и „Јоаким Крчовски“ во општина Чаир, од 9 до 12 часот дел од Горно Соње во општина Сопиште, како и корисниците од компанијата СТХ ДОО Скопје во кругот на Стаклара и дел од околните објекти во општина Кисела Вода.

Реклама

Од 9 до 14 часот без струја ќе останат корисниците на улиците „Ѓорѓи Капчев“ 31, „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“ во општина Аеродром, додека од 9 до 13 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на улицата „Боро Кралевски“ во Радишани, општина Бутел.

Од ЦУК додаваат дека прекините во снабдувањето со вода и електрична енергија се поради зафати на водоводната и електродистрибутивната мрежа.