Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе ја презентира содржината на Извештајот во сенка за Македонија за периодот 2025-2026 година, подготвен во рамки на проектот „Beyond Barriers: Resilience of Roma in the Western Balkans“, поддржан од Европската Унија.
Извештајот ги анализира резултатите од спроведувањето на политиките за инклузија на Ромите во земјава, а на настанот ќе бидат презентирани клучните наоди и препораки, како и предизвиците и постигнатиот напредок во оваа област.
Според агендата, воведни обраќања ќе имаат министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Ерџан Демир, и извршниот директор на „Ромалитико“, Елвис Шаќири.

