Општина Карпош, заедно со поранешни ученици на ОУ „Иван Горан Ковачиќ“, денеска организира хуманитарен настан со цел да се соберат средства за обнова на надворешното одбојкарско игралиште во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“, по повод патрониот празник на училиштето.
Иницијативата е поддржана од градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, како и од поранешните ученици Даниела Штерјова, Даница Леонидова, Игор Атанасоски, Петар Ренџов и Арсо Јаневски.
Програмата ќе започне во 17 часот со ревијален одбојкарски натпревар „Искуство vs. Младост“ во спортската сала на училиштето, на кој ќе настапат професорки, поранешни репрезентативки и шампионки во одбојка, заедно со нивните ученички од основните училишта во Карпош.
По спортскиот дел, од 19 часот во холот на училиштето ќе се одржи хуманитарна забава со настап на повеќе македонски музичари, меѓу кои Мартина Христовска, Игор Атанасоски, Петар и Павел Ренџов, Сенад Усеин, Трајко Симоновски и Арсо Јаневски.
Според организаторите, собраните средства ќе бидат наменети за реконструкција на подлогата, мрежата и дополнително опремување на надворешниот одбојкарски терен.

