Аналитичкиот центар „Солуција“ денеска во Europe House во Скопје ќе ја промовира анализата „Департизација на именувањето на директорите на јавните здравствени установи“, по што ќе следува панел-дискусија на тема „Стручност пред партиска книшка: Кој треба да ги води болниците?“.
На настанот воведно обраќање ќе има амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас.
Во рамки на панел-дискусијата ќе учествуваат коавторот на анализата Гоце Коцевски, докторот Бојан Трајковски и новинарката Соња Делевска, а модератор ќе биде новинарката Катарина Синадиновска.

