Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп вчера лишиле од слобода две лица од Прилеп, откако при претрес во дом биле пронајдени наркотична дрога и прашкаста материја.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 16 октомври во 14:17 часот биле лишени од слобода И.П. (22) и С.Т. (19), двајцата од Прилеп.
Врз основа на наредба од Основниот суд во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на И.П., при што била пронајдена и одземена марихуана. За време на претресот во домот била затекната и С.Т., кај која при извршен преглед била пронајдена прашкаста материја.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

