Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка

Резултатите од експедицијата „Врело 2026“ во подводната пештера Врело на кањонот Матка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резултатите од експедицијата „Врело 2026“ во подводната пештера Врело на кањонот Матка, при што се постигнати три нови светски рекорди, ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција во базниот камп на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ на Матка.

Од клубот информираат дека експедицијата е завршена и дека се постигнати нови светски рекорди во три категории: во најдлабоко истражена пештера од човек, во најдлабоко нуркање во пештера и во длабинско нуркање на отворени води.

Точната достигната длабочина и сите детали од истражувањето, како што наведуваат од клубот, ќе бидат објавени на прес-конференцијата што ќе се одржи во 9 часот во базниот камп на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ на Матка.

Реклама

Експедицијата „Врело 2026“ се одржуваше од 10 до 17 октомври во подводната пештера Врело на Матка, со цел да се надмине досегашниот рекорд и да се истражат длабочини поголеми од 300 метри. 

Пештерата Врело досега беше предмет на повеќе значајни истражувања. Италијанскиот нуркач Луиџи Касати достигна длабочина од 212 метри, полскиот спелеонуркач Кшиштоф Старнавски 242 метри, додека во 2025 година полскиот нуркач Бартломиеј Питала со својот тим достигна 287 метри со кои пештерата во моментов е рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот, по Фонт Естрамар во Франција (312 метри) и Елефанте Бјанко во Италија (292 метри).