Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Предвреме е постигната целта во туризмот – заклучно со август евидентирани еден милион туристи и три милиони ноќевања

– Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата  во делот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата  во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го последнте податоци на Државниот завод за статистика за растот на туризмот.

Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на ново основно училиште во Ченто, тој појасни дека заклучно со месец август имаме блиску до еден милион туристи, некаде околу 980.000 и околу 2.730.000 преноќувања.

– Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум кој што се случи во летните месеци јули и август и кој што траеше и месеците потоа. Во август бројот на туристи од странство, споредено со истиот месец минатата година, е поголем за 11,1%, а бројот на преноќувања е за повеќе од 20% поголем. Што претставува навистина нешто кое што сите нас пријатно нѐ изненади, но и потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи, рече Мицкоски. 

Реклама

Според него, тука е и договорот потпишани со туристички агенции кои што носат туристи и оти не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците кои што патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми е зголемен за 30% е споредено со истиот период од минатата година.