Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција по повод 35 години од основањето на Уставниот суд на Бугарија

Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот Дарко Костадиновски и судијата Добрила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот Дарко Костадиновски и судијата Добрила Кацарска, учествуваат на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во гарантирање на владеењето на правото“ во Софија, Република Бугарија. 

Конференцијата, како што информираат од Уставниот суд, се организира по повод 35-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Бугарија. Се одржуваат три тематски панели посветени на составот и независноста на уставните судови, почитувањето и спроведувањето на нивните одлуки од страна на другите државни органи, како и судската практика на уставните судови во услови на кризни состојби.

На настанот учествуваат повеќе од 50 претставници и делегации на уставни судови и сродни институции од 31 држава од Европа, Азија и Африка, меѓу нив свое обраќање имаа претставници на европските судски институции, меѓу кои и потпретседателот на Венецијанската комисија, Ерик Холмјвик, судии на Судот на правдата на Европската Унија и Европскиот суд за човекови права. Видеопораки беа презентирани од претседателите на овие два суда, Коен Ленартс и Матија Гијомар.

Реклама

Со учеството на меѓународната конференција во Софија, делегацијата на Уставниот суд дава придонес во дијалогот за клучните предизвици на современото уставно судство, со посебен акцент на независноста на уставните судови, спроведувањето на нивните одлуки и улогата во обезбедувањето на владеењето на правото.

Конференцијата е можност и за зајакнување на професионалните контакти и соработката со уставносудските институции од Европа и целиот свет.