Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Форензичката психијатрија во фокусот на меѓународна конференција во Охрид

Повеќе од 270 форензичари, психијатри, психолози и претставници на научни и државни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 270 форензичари, психијатри, психолози и претставници на научни и државни институции од целиот свет учествуваат на втората Меѓународна конференција за форензичка психијатрија, што се одржува во Охрид под покровителство на Македонската психијатриска асоцијација (ПАМ) и Светската психијатриска асоцијација (WPA).

Програмата опфаќа осум пленарни сесии, четири презентации и 40 постер-сесии, на кои ќе се разгледуваат актуелни научни, клинички и етички прашања од областа на форензичката психијатрија, вклучително и теми поврзани со затворската психијатрија.

– Се обидуваме да воспоставиме мрежа на контакти со колегите од странство и да учиме од нивните искуства. Иако Македонија е мала држава, експертите од форензичката психијатрија се воодушевени од тоа што се обидуваме да ѝ дадеме значење на оваа област, изјави професорот Антони Новотни.

Реклама

Ова е второ издание на конференцијата, по првото одржано во 2016 година. На настанот учествуваат експерти од Канада, САД, Мексико, Аргентина, Ирска, Англија, како и од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Косово, Албанија, Грција,Бугарија… Покрај психијатрите, на конференцијата учествуваат и психолози, правници и претставници на правосудниот систем, со што се овозможува мултидисциплинарна размена на знаења и искуства.

Новотни истакна дека во Македонија постои субспецијализација по форензичка психијатрија и дека судовите располагаат со сертифицирани вештаци од оваа област. Сепак, нагласи дека е важно да продолжи едукацијата на младите кадри и да се поттикнува нивниот интерес за форензичката психијатрија.

За порастот на насилното однесување, особено кај младите, говореше и професорката Славица Арсова Хаџи Ангелковска, која оцени дека станува збор за негативен општествен феномен што се забележува и во Македонија и на глобално ниво.

Таа нагласи дека насилството не треба автоматски да се поврзува со психичките растројства, посочувајќи дека е погрешна предрасудата оти луѓето со психички нарушувања се главните причинители на насилно однесување.

– Насилството е мултифакторски феномен и може да има различни причини. Кај возрасните, понекогаш е поврзано со несоодветна структура на личноста, а често и со злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанции. Последиците се сериозни и за индивидуалното и за колективното здравје, посочи Арсова Хаџи Ангелковска.

Според неа, особено загрижувачко е насилството врз ранливите категории граѓани, меѓу кои жените, децата, постарите лица и лицата со телесни или ментални нарушувања.

Таа укажа дека насилството не се сведува само на физичка пресметка, туку ги опфаќа и навредувањето, омаловажувањето, заканувањето, постојаното критикување и игнорирањето. Ваквите модели на однесување, рече, децата често ги усвојуваат во семејството, а подоцна ги пренесуваат и во врсничките односи.

– Насилството може да произлезе и од потребата некој да го омаловажи другиот за самиот да се почувствува поважен. Зад таквото однесување често стојат несигурност, недоверба, страв, срам и ниска самодоверба, истакна професорката.

Како клучна мерка за справување со насилството таа ја посочи превенцијата, која, според неа, треба да започне уште во предучилишниот период, со едукација на децата, но и на родителите и воспитно-образовниот кадар.

– Треба многу да се зборува за оваа тема, и тоа уште во предучилишна возраст. Важно е родителите и воспитувачите да знаат да препознаат кога однесувањето на детето ги надминува рамките на вообичаеното развојно спротивставување и кога агресијата станува причина за загриженост, рече таа.

Арсова Хаџи Ангелковска нагласи дека децата што покажуваат агресивно однесување не треба да се изолираат од семејството и врсничката средина, бидејќи тоа може дополнително да ги стигматизира, туку треба да се работи на нивно вклучување и насочување на однесувањето во прифатливи рамки.

И Новотни оцени дека справувањето со насилството бара поширок пристап – од семејното воспитување до општествените и системските промени. Тој посочи дека општествените услови и секојдневните стресови влијаат врз однесувањето, поради што се важни и развивањето здрави начини за справување со агресијата и соодветното институционално постапување.

– Превенцијата е една од најважните мерки, како и соодветното санкционирање од страна на системот,  истакна Новотни.

Последниот ден од конференцијата е посветен на македонската форензичка психијатрија и судската медицина. Предвидени се дискусии за лекарските грешки, профилирањето на сериските убијци, нематеријалната штета и психијатриските вештачења во судските постапки.