Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова

Нема договор со Бугарија за да се предаде Ива Михајлова, уверува вицепремиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема договор со Бугарија за да се предаде Ива Михајлова, уверува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ги отфрла тврдењата на опозицијата дека има политички договор со Бугарија.

Според Николоски, опозицијата има координација со Бугарија и работи со одредени структури од оваа соседна држава. 

– Тие мислат дека можат да си ја подобрат позицијата не на начин што ќе го подигнат својот рејтинг, туку на начин што ќе го спуштат рејтингот на ВМРО -ДПМНЕ и очигледно дека работат со одредени структури во Бугарија, изјави Николоски во гостување на една од националните телевизии.

Реклама

Случајот со Михајлова, Николоски го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во Бугарија. 

– Овде се работи за след на околности, за луѓе кои се искористени и потоа фрлени. Самото тоа што нема соодветна реакција од таму зборува многу. Тие се земја членка на ЕУ и на НАТО и имаат развоен систем на владење на правото и очекувам да ги почитува меѓународните стандарди во делот на владењето на правото и да ја испорачаат Михајлова, нагласи Николоски.

Тој, како и премиерот, вели дека кога-тогаш правдата ќе ги стигне и Михајлова и нејзиниот татко кој е осомничен во случајот „Детонатор“.

– Така што не се работи за борци за човекови права или за луѓе кои имаат идеолошки проблеми со Македонија, туку очигледно за семејство кое што има сериозни законски проблеми со државата, посочи Николоски. 

Николоски се надева дека во иднина нема да се повторуваат вакви случаи.