Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати остварил средба со претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (Матуситеб), Тахсин Ибрахим, на која во фокусот на разговорите биле застапеноста на турската заедница во државните институции и потребата од унапредување на нејзината положба во институционалниот живот.
Соговорниците разговарале и за можностите за продлабочување на соработката со турските невладини организации, со цел подобра координација на активностите и реализација на проекти од заеднички интерес.
– Посебен дел од средбата беше посветен на координацијата на активностите за одбележување на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, како и на значењето на активното вклучување на заедницата во општествениот живот. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на унапредувањето на социјалната инклузија, зајакнувањето на соработката меѓу институциите и заедниците, како и градењето на општествената кохезија, придонесувајќи за поинклузивно и пообединето општество – соопшти Министерството за односи меѓу заедниците.

