Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим, во фокусот борбата против хибридните закани

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска учествуваат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска учествуваат на Европската конференција на претседатели на парламенти и генерални секретари која денеска и утре се одржува во Рим, Италија. На отворањето на конференцијата, како што инфромираат од Кабинетот на Гаши, обраќања пред претседателите на парламентите на земјите членки на Советот на Европа имале претседателот на Домот на пратеници и претседателот на Сенатот на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана и Игнацио ла Руса, кои ја нагласиле улогата и значењето на Организацијата како чувар на демократијата, човековите права и владеењето на правото на европскиот континент.

Во рамки на дебатата „Отпорни демократии обединети против хибридни закани“, учесниците оцениле дека денешната геополитичка нестабилност и технолошкиот напредок ги прават хибридните закани пософистицирани, искористувајќи ги демократските општества за зголемување на поларизацијата, ширењето на поделби и поткопување на довербата во институциите. Било наглaсено дека за успешна заштита, потребна е комбинација од кибербезбедност, транспарентност и општествена отпорност, како и дека искуствата покажуваат дека најефективните пристапи комбинираат правни заштитни механизми, техничка заштита и мерки за зајакнување на довербата на јавноста.

Во текот на конференцијата, Гаши, како што информираат од неговиот Кабинет, остварил билатерална средба со претседателот на Големото турско национално собрание Нуман Куртулмуш, на која биле потврдени одличните односи меѓу двете држави, значењето на турската заедница во градењето на блиски контакти, како и улогата и придонесот на Република Турција за стабилноста и безбедноста во регионот. Соговорниците оцениле дека традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете држави се темелат на силни историски и културни врски и дека интензивната комуникација на високо ниво придонесува за понатамошно унапредување на севкупната соработка.

Реклама

На маргините на конференцијата, Гаши разменил мислења со италијанскиот пратеник Пјетро Фасино, кој е претседател на поткомисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Западен Балкан и кој е силен поборник за побрз влез на државите од регионот во Европската Унија.