Заклучно со јуни, со вториот квартал имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе во споредба со истиот период од минатата година – изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција, на која ја најави најновата инвестиција на „Кромберт и Шуберт“.
– Ако влезете на страницата на Народната банка, ќе видите дека има над 50 милиони повеќе за истиот период минатата година. Значи, заклучно со јуни, заклучно со вториот квартал имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе во споредба со истиот период минатата година – рече премиерот.
Мицкоски на прес-конференцијата најави дека компанијата „Кромберг и Шуберт“ почнува нов инвестициски проект, каде што во следните четири години се предвидува отворање нови 2.000 работни места додавајќи дека она што таму ќе се произведува се автомобилски компоненти за германскиот автомобилски гигант „Ауди“.
– Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила, индустриски капацитети, кои може да одговорат на највисоките европски стандарди – нагласи Мицкоски.
Тагови

