Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Отворен е повикот за Академија за млади лидери организирана од ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот истражувачко-аналитички центар – Љубиша Георгиевски го отвора повикот за учество на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичкиот истражувачко-аналитички центар – Љубиша Георгиевски го отвора повикот за учество на Академијата за млади лидери, едногодишна програма наменета за млади луѓе кои сакаат да инвестираат во своето знаење, личен развој и лидерски потенцијал, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на програмата, учесниците ќе имаат можност да учат од искусни предавачи и практичари, да работат на конкретни задачи и реални предизвици, да разменуваат идеи и да стекнат искуство кое ќе можат да го применат во својата понатамошна работа.

Програмата е организирана во пет модули, посветени на:

Реклама

* лидерство, тимска работа и организација;

* комуникациски и медиумски вештини, јавен настап и нови дигитални алатки;

* јавни политики, институции и процесот на донесување одлуки;

* финансии, буџетирање и економски показатели;

* политички менаџмент, организација и кампањи.

Посебен дел од Академијата ќе биде менторската програма, преку која секој учесник ќе има можност директно да работи со искусен ментор.

На крајот од Академијата, учесниците ќе работат во тимови на завршен проект, во кој ќе треба да понудат решение за конкретен општествен проблем и да го презентираат пред комисија.

Како да се пријавиш?

Испрати ја својата пријава најдоцна до 25 октомври на:

[email protected] или пријави се лично во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Пријавата треба да содржи кратка биографија и кратко образложение зошто сакаш да бидеш дел од Академијата.

Биди дел од Академијата за млади лидери во организација на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ.