Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Промените во глобалниот трговски систем, растечката геоекономска конкуренција и потребата постојната институционална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промените во глобалниот трговски систем, растечката геоекономска конкуренција и потребата постојната институционална архитектура на меѓународната трговија, создадена во 20 век, да се приспособи на реалностите на 21 век – порачал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Форумот на идните глобални лидери организиран од Светскиот економски форум во Дубаи на сесијата Trade in a Changing World.

– Кога постојат оние што го доведуваат во прашање сегашниот модел, а ние сме загрижени поради тоа, мора да погледнеме и кон самите себе и да се запрашаме што можеме да направиме за да го модернизираме системот во наша заедничка корист – истакнал Муцунски.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски посебен акцент ставил на односот меѓу отвореноста, безбедноста и отпорноста нагласувајќи дека иднината на глобалната трговија не треба да се поставува како избор меѓу отвореност и безбедност.

Реклама

– Мора да ја направиме отвореноста побезбедна. Отпорноста во никој случај не значи изолација – вели Муцунски.

Според него, државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што ќе изградат најотпорни мостови“, нагласи министерот.

Осврнувајќи се на позицијата на помалите економии во глобалната конкуренција, Муцунски истакнал дека нивната сила не произлегува од големината, туку од способноста да бидат сигурни и предвидливи партнери.

Тој се осврнал и на економскиот суверенитет нагласувајќи дека тој е тесно поврзан со инфраструктурната и енергетската поврзаност. Во таа насока, тој ги издвоил инвестициите во коридорите VIII и X, патната и железничката инфраструктура и енергетската диверзификација додавајќи дека енергетската независност е неопходен предуслов за економски развој и инвестиции во индустриите на иднината.

Осврнувајќи се на економската меѓузависност и глобалните конфликти, тој истакнал дека нивните последици одамна не се ограничени само на државите директно вклучени во нив.

– Првата жртва на секој конфликт е човечкиот живот. Втората жртва е економскиот просперитет – не само на државите вклучени во конфликтот туку и пошироко затоа што нашите синџири на снабдување и трговски рути се силно меѓусебно поврзани – истакнува Муцунски.

Тој нагласил дека во услови на глобални промени одговорот не треба да биде изолација, туку поголема поврзаност, модернизација на меѓународниот систем, инвестиции во отпорност и поефикасна мултилатерална соработка.