Инвестиции вредни 114 милиони денари се реализираат во општина Брвеница, а проектите ќе продолжат и во наредниот период со поддршка на новиот градоначалник Стојанчо Радичевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, порача на вечерашниот собир вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој истакна дека развојот на општината треба да продолжи во насока во која се работело во изминатите години, посочувајќи дека инвестициите и проектите ќе продолжат да се реализираат.
– Да ја развиваме општина Брвеница во насока во која што и почнавме после победата и на минатогодишните локални избори, но и во претходниот период, во претходните четири години. Инвестираме многу во општина Брвеница, а со поддршка на новиот градоначалник, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, проектите ќе продолжат да се реализираат, рече Николоски.
Тој ги повика жителите на општина Брвеница да излезат на гласање во недела и да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, изразувајќи очекување за победа во првиот круг.
– Очекувам масовна победа во недела. Ги повикувам сите жители на општина Брвеница да излезат масовно во недела и да гласаат за бројот 1, за Стојанчо Радичевски, истакна Николоски.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:

