Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Маратонците во чест на Тоше Проески по 19 пат тргнаа од Нова Градишка, Хрватска

Денеска точно во 17 часот, 13 маратонци по 19-ти пат тргнаа од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска точно во 17 часот, 13 маратонци по 19-ти пат тргнаа од Нова Градишка, Хрватска да трчаат до Гумење во Крушево, во чест на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески кој на 16 октомври 2007 година загина во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. 

Маратонот го почнаа 13 маратонци, а уште еден ќе им се придружи во Македонија. Низ Хрватска ќе истрчаат околу 200 километри, преку Србија ќе поминат со возила, како што налагаат прописите во земјата, а од границата со Македонија до Крушево, македонските маратонци ќе истрчаат уште 220 километри.

-Возбудата е голема, чувството е неописливо. Без двоумење го почнуваме 19-тиот маратон за Тоше. Нѐ чека долг пат. Ќе се сретнеме на вечното почивалиште на Тоше на Гумење во Крушево, вели Наум Капричевски, иницијаторот и дел од 13-те маратонци кои почнаа да го трчаат маратонот во чест на Тоше. 

Реклама

Маратонците пред почетокот на маратонот, положија свежи цвеќиња и се поклонија на спомен обележјето посветено на Тоше во Нова Градишка.

Во текот на вчерашниот ден, македонските маратонци беа на средба со отец Кирко Велински од црквата на МПЦ „Света Злата Мегленска“ во Загреб.  Беа на прием кај македонскиот амбасадор во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски кој денеска ги испрати при почетокот на Маратонот. 

Маратонците имаа  и прием во продуцентската куќа „Хит рекордс“ од Загреб со која Тоше Проески соработуваше, а во меморијалниот центар „Дражен Петровиќ имаа средба со мајката на Дражен, Бисерка Петровиќ. 

Од Нова Градишка, маратонците беа испратени од претставници  на Туристичката заедница од градот и од македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски. Маратонците ги придружуваат и двајца професионални возачи од Владата на Македонија. 

Маратонците во Крушево ќе пристигнат напладне, на 16 октомври, в петок, на 19 -годишнината од загинувањето на Тоше Проески. 

Крушевчани, традиционално ги пречекуваат со црвени рози, во чест на Тоше.