Согласно добиени резултати од испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на градот одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневни мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ биле земени 45 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои три примероци од бунарскиот потег Нерези – Лепенец.
Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка анализа, согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење во акредитираните лаборатории при секторот Санитарна контрола.

