Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Економија

Дурмиши: Средствата за рамномерен регионален развој се распределуваат преку повеќе програми и институции

Осумдесет милиони евра од унгарскиот кредит се распределени за албанските општини, истакна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумдесет милиони евра од унгарскиот кредит се распределени за албанските општини, истакна министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничко прашање од Халил Снопче за распределбата на средствата за рамномерен регионален развој и поддршката за Полошкиот регион.

Дурмиши не се согласи со оценката дека Полошкиот регион е најзаостанат во државата, нагласувајќи дека Владата презема мерки за намалување на регионалните нееднаквости преку инвестиции и развојни проекти.

Според министерот, значителни средства биле распределени преку проектите финансирани со унгарскиот кредит.

Реклама

-Нееднаквостите веќе сме ги елиминирале со распределба на средствата коишто беа доделени во сите општини каде што ги добивме од унгарскиот кредит. Осумдесет милиони евра се поделени само за албанските општини и граѓаните можат да видат колку проекти се реализирани со поддршка на Владата, рече Дурмиши.

Тој посочи дека прашањата поврзани со распределбата на буџетските средства се во надлежност и на Министерството за финансии и Министерството за локална самоуправа, но нагласи дека рамномерниот регионален развој е важен предуслов за економски раст и подобар животен стандард. Дурмиши додаде дека средствата за регионален развој не се обезбедуваат преку една буџетска ставка, туку преку повеќе институции и различни буџетски програми.