Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Ковачев: Скопје нема причина да се жали во ЕУ за случајот со Ива Михаилова

Чинот со кој бугарскиот државен врв направи цела фама и отворено застана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чинот со кој бугарскиот државен врв направи цела фама и отворено застана зад Ива Михаилова, која фактички е бегалец од органите на прогонот во Македонија, претставува невиден дипломатски скандал.

Но, како што видовме, тоа не ги спречи првите луѓе на најважните бугарски институции да ја бодрат и да изразуваат отворена поддршка за Михаилова, која во Македонија е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици. Сепак, контроверзниот бугарски европратеник Андреј Ковачев тврди дека македонските власти немале никаква основа да се жалат до европските институции за скандалозното бегство на Михаилова. Според него, Бугарија не направила ништо проблематично. Тој вели дека за целата оваа ситуација веќе ја информирал и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Ковачев тврди дека овој случај е поради здравствената состојба на Михаилова и дека е од хуманитарен карактер. Неговата изјава следува откако македонското МНР најави дека за нејзиното бегство ќе ги информира ЕУ и Советот на Европа. Македонските институции сметаат дека постапувањето на официјална Софија ги подрива напорите за меѓусебна доверба. Дополнително, од македонското министерство истакнаа дека ваквите потези се спротивни на заложбите за развој на добрососедските односи.