Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Заменик-министерот за здравство Андовски поднесе оставка од функцијата

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски објави дека поднесува оставка од фукцијата поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски објави дека поднесува оставка од фукцијата поради лични причини.

– Денеска ја поднесов мојата оставка од функцијата заменик-министер за здравство,од лични причини. Од срце му благодарам на претседателот на Владата на Република Македонија за довербата, поддршката и можноста да бидам дел од Владата и да придонесувам во унапредувањето на здравствениот систем. Особена благодарност упатувам до потпретседателот на Владата, Љупчо Димовски, за искрената и коректна соработка, поддршката и професионалниот однос во текот на целиот период. Благодарност и до сите мои колеги, здравствени работници и соработници, со кои заеднички работевме во интерес на граѓаните и на македонското здравство – објави Андовски на својот фејсбук-профил.

Посочува дека за него било чест, но и голема одговорност да ја извршува оваа функција.

Реклама

– Заминувањето од функцијата не ја менува мојата благодарност кон сите со кои работев, ниту мојата почит кон институцијата и луѓето што секојдневно се грижат за здравјето на граѓаните. На Владата ѝ посакувам успех во понатамошната работа и многу успеси во градењето подобар и поквалитетен здравствен систем – наведува Андовски.