Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК ги претставија програмите пред Советот на јавните обвинители – најавуваат поефикасни истраги и конфискација на имот

Кандидатите за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатите за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска ги претставија своите програми пред Советот на јавните обвинители. Во фокусот на сите петмина пријавени кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Васиелва и Јован Цветановски – се јакнењето на истражните капацитети, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги, конфискацијата на имот од криминални дејства, како и ефикасноста во постапувањето и поголемата независност на Обвинителството. 

Изборот ќе се одржи на 28 октомври преку дикретен избор со тајно гласање на јавните обвинители.

Јавниот обвинител од ОЈО ГОКК, Фатон Азизи, во своето излагање прес Советот на јавните обвинители, како главни приоритети ги посочи: зајакнувањето на капацитетите на истражниот центар во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, проактивното постапување по предметите поврзани со таканаречените црни листи на меѓународните партнери и интензивирањето на борбата против перењето пари.

Реклама
Përforcimi i kapaciteteve të Qendrës hetuese në Prokurorinë për ndjekjen e krimit të organizuar dhe korrupsionit, veprimi proaktiv sipas lëndëve të lidhura me të ashtuquajturat

Презентирајќи ја својата визија, Азизи рече дека првиот фокус ќе биде унапредување на истражните капацитети во Обвинителството.

– Мојата програма ќе биде водилка во ова обвинителство да наметнувам принцип обвинител со тим, обвинител што ќе има истражител од економска област, истражител што ќе помага во екстрахција на материјали, мојот фокус, генерално, ќе биде истражниот центар да биде главната подвижна сила и тие истражители да бидат вработени во Јавното обвинителство – истакна Азизи.

Јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Трајче Пеливанов, претставувајќи ја својата кандидатура пред Советот на јавните обвинители, порача дека е свесен за тежината и очекувањата и оти на функцијата не гледа како на привилегија, туку како на можност и обврска да се придонесе за успешна и независна институција. 

Кандидатот за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Трајче Пеливанов, кој е јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, прет

Во основата на својата програма Пеливанов порача дека се независноста на Обвинителството и ефикасност, заснована на докази и закон, а не водена под притисок на сензационализам.

– Обвинителството мора да биде независно, професионално и способно не само да гони туку и да ја открива, обезбедува и одзема криминалната корист. Успехот не се мери само со бројот на отворени предмети или поднесени обвиненија, туку преку целосно истражени предмети, судски одржливи докази и враќање на незаконски стекнатиот имот во државната сопственост – порача Пеливанов. 

Јавната обвинителка во Основното јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ, пред Советот на јавните обвинители истакна дека наместо програми, на Обвинителството му се потребни стручност и поголема проактивност во откривањето на кривичните дела.

Јавната обвинителка во Основното јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ, која е кандидат за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО Г

Образложувајќи ја својата кандидатура, Раичевиќ оцени дека јавните обвинители не смее да се потпираат исклучиво на случаи откриени од полициските структури, туку мора и самите активно да учествуваат во откривањето на криминалот.

– Јас ја нудам својата стручност во делот на откривање на кривичните дела, тоа е функција што јавниот обвинител ја има запоставено – изјави Раичевиќ.

Јавната обвинителка од ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева, претставувајќи ја својата програма пред Советот на јавните обвинители, истакна дека фокусот на ова обвинителство мора да биде насочен кон борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои го зафаќаат поширокиот јавен интерес, го нарушуваат мирот на граѓаните и го оневозможуваат прогресот. 

Кандидатката за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, претставувајќи ја својата програма пред Советот на јавни об

Во нејзината програма, темелена на четири главни столба, таа ги издвои ефикасноста и ажурноста во постапувањето, поголема активност во финансиските истраги и конфискацијата на имот и максимално искористување на истражниот центар, зајакнување на кадровската екипираност и на капацитетите преку дигитализација, како и поголема транспарентност и јакнење на јавната доверба. 

Борбата против корупцијата и финансиски истраги во таа насока, Хаџи Василева нагласи дека има цел да бидат во нејзиниот фокус, бидејќи, како што рече, „корупцијата е причина и нешто што ги појачува и криминалитетот и криминалните групи во целина“. 

Јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, пред Советот на јавните обвинители како клучни приоритети ги издвои зголемувањето на ефикасноста во истрагите за висока корупција и перење пари, намалувањето на бројот на стари и нерешени предмети, како и зајакнувањето на кадровските капацитети и истражниот центар.

 Јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, кој е кандидат за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК

Претставувајќи ја својата програма, Цветановски истакна дека е потребен проактивен пристап во постапувањето по предметите, како и поефикасна соработка со институциите вклучени во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

– Приоритетите и целите за периодот 2026 – 2030 година се зголемување на ефикасноста во истрагите за висока корупција и перење пари, намалување на бројот на стари и нерешени предмети, целосна операционализација и јакнење на кадровските ресурси и на истражниот центар, како и проактивно постапување по предмети оформени по допрен глас – рече Цветановски.

Изборот ќе се спроведе на 28 октомври во периодот од 8 до 16 часот со тајно и непосредно гласање на јавните обвинители. 

Во Комисијата за спроведување на изборот, што ја формира Советот на јавните обвинители, членуваат Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава. 

Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Видеата може да ги погледнете на следните линкови: Линк 1 и Линк 2