Реклама

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Македонија

Азизи: Зајакнувањето на Истражниот центар, постапувањето по „црните листи“ и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Зајакнувањето на капацитетите на Истражниот центар во Обвинителството за гонење организиран криминал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнувањето на капацитетите на Истражниот центар во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, проактивното постапување по предметите поврзани со таканаречените црни листи на меѓународните партнери и интензивирањето на борбата против перењето пари се меѓу главните приоритети што ги посочи Фатон Азизи, кандидат за основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК на денешната седница на Советот на јавните обвинители, на која ја претстави својата програма.

Презентирајќи ја својата визија, Азизи рече дека првиот фокус ќе биде унапредување на истражните капацитети во обвинителството.

– Мојата програма ќе биде водилка да во тоа обвинителство наметнувам принцип обвинител со тим, обвинител кој ќе има истражител од економска област, истражител кој што ќе помага во екстрахција на материјали, мојот фокус генерално ќе биде истражниот центар да биде главната подвижна сила и тие истражители да бидат вработени во јавното обвинителство – истакна Азизи.

Реклама

Како втор приоритет го наведе проактивното вклучување во предметите што од страна на меѓународните партнери се објавуваат како „црни листи“, оценувајќи дека институциите треба посериозно да пристапуваат кон тие случаи.

Тој најави и засилени активности во делот на финансискиот криминал, посочувајќи дека особен акцент ќе биде ставен на перењето пари и на финансиските истраги.

– Приоритет ќе биде зголемена борба против перење на пари во градежништво, криптовалути и други форми – нагласи Азизи.

Во своето излагање тој се осврна и на досегашното искуство во ОЈО ГОКК, каде што работи во Одделението за гонење висока корупција и постапува по повеќе обемни предмети со поголем број обвинети. Според него, работата на такви случаи му овозможила искуство во координација со истражители и претставници на повеќе институции, меѓу кои МВР, Финансиското разузнавање и Царинската управа.

Азизи посочи дека има посетувано повеќе домашни и меѓународни обуки поврзани со конфискација на имот, перење пари, електронски докази и користење електронски алатки во обвинителството, оценувајќи дека стекнатото искуство и досегашната комуникација со вработените и истражителите претставуваат основа за успешно менаџирање со ресурсите во институцијата.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: