Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Претставата „Балкански мажи“ го затвори 18. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Со претставата „Балкански мажи“, во изведба на продукција „МониКарт“ од Нови Сад,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со претставата „Балкански мажи“, во изведба на продукција „МониКарт“ од Нови Сад, Србија беше заокружено 18. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Годинашното, 18-то фестивалско издание во организација на здружението „Театарски фестивал“, под покровителство на Општина Крива Паланка,  понуди девет фестивалски вечери на сцената на Националнт установа Центар за култура Крива Паланка, од 28 септември, комедии во изведба на врвни театри од земјава и соседството.

-Последната фестивалска вечер донесе уште една впечатлива театарска изведба, исполнета со енергија, емоции и аплаузи пред многубројната паланечка публика.И оваа година, вечер по вечер, Крива Паланка покажа дека живее со театарот и дека фестивалската сцена има свое посебно место во културниот живот на градот. Завесата се спушта, но љубовта кон театарот продолжува, посочуваат од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Реклама

Организаторот на фестивалот изрази задоволство за интересот на публиката што речиси секоја вечер ја исполнуваше салата до последно место, што е јасен показател за тоа дека Крива Паланка буквално живее со театарската уметност во текот на фестивалските денови и ја оправдува потребата тетарската уметност да добие поголема важност и значење и во иднина.

-Девет фестивалски вечери, девет различни драмски приказни и бројни актерски остварувања ја исполнија сцената, создавајќи уште едно издание на фестивалот во кое театарот повторно ја најде својата најважна точка, публиката. Од првата до последната вечер, салата беше исполнета, а долгите аплаузи беа најдобрата потврда за интересот и љубовта на кривопаланечката публика кон театарската уметност. Во текот на фестивалот, публиката имаше можност да проследи девет претстави на театри и продукции од Македонија, Србија, Бугарија и Црна Гора, во различни жанровски и уметнички изрази, велат од општината.

Она што го одликува секое фестивалско издание се и автентичните, оригинални плакати кои покрај симболика со годината на одржување, носат и универзални пораки за одржливост имајќи ги предвид визиите и креациите на авторот на истите, Стојанче Величковски, графички уемтник, дизајнер и грботворец, кој од првата година на одржување е задолжен за визуелниот идентитет на фестивалот.

-Плакатот го следи препознатливиот визуелен идентитет, но секој фeстивал испраќа глобална порака, што е сублимат на збиднувањата што оставиле особен печат во човечкото битисување, Годинава мојата визија ја насочив кон ефектот на стаклена градина, глобалното затоплување, и особено, визуелно ја „втиснувам“ годината во нашата колективна меморија  налик на годината во која пресушил Дунав, па така иако 18-ката на плакатот е во вид на „смајли“, умешно стлизирана маскота која се смее до солзи, но нејзините солзи се слеваат во портокаловиот свет-едно ниво пред црвен аларм, визуелно претставен, дискретно во позадината на плакатот кој во долниот дел завршува како пресушена, испукана површина со фосилни остатоци од риби, врз кои е претставено менито на фестивалот изразено преку богатата програма, изјави Величковски.

Лауреат на годинашното издание на фестивалот беше познатиот македонски актер, Тони Михајловски.