Три милиони и триста илјади патници за само девет месеци. Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди. Во однос истиот период лани авиосообраќајот е зголемен за 29 проценти. Ова е резултат на паметните политики и субвенционирањето на Владата кое започна уште во 2024 година вели Вицепремиерот и Миниситер за транспорт Александар Николовски. Од месец во месец, бројот на патници е се поголем.
-Секој месец рушиме рекорди, ако јули месец споредено со јули минатата година двата аеродроми пораснаа 22 посто август пораснаа 31 посто. Кога бевме избрани вкупната фреквенција на сообрајќај на двата аеродроми заедно беше некаде околу 2.400. Јас очекував до крајот на првиот мандат на оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ , ние сме некаде околу 3.200, 3.300 патници. Веќе стигнавме за една година на 3 милиони патници и оваа година е само прашање на среќа буквално на десетина илјади патници дали ќе стигнеме до 4000 патници–истакна Вицепремиерот и Министер за транспорт и врски Александар Николоски.
Импресивниот пораст на патници на двата аеродроми, според менаџментот на ТАВ се очекува да прдолжи. Од таму велат дека се посветени на квалитетот на услугите, со цел македонските аеродроми да ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди.
„ Овој пораст се одрази и на ранг-листата на ACI-Europe според која Македонија во август беше рангирана како втор најбрзо растечки авијациски пазар во Европа. Би сакал искрено да им се заблагодарам на вработените на аеродромите за нивниот професионализам, напорна работа и посветеност, како и на Владата, авиокомпаниите како наши партнери и сите засегнати страни кои придонесуваат кон континуираниот пораст на македонскиот авијациски сектор. Очекуваме овој позитивен тренд на импресивен двоцифрен пораст на авиосообраќајот да продолжи, но нашата амбиција оди подалеку од порастот на бројот на патници– вели генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.
За споредба, лани преку цела години македонските аеродроми опслужиле над 3 мулиони и 400 илјади патници. Што значи дека за девет месеци годинава е достигнато околу 96 проенти од минатогодишниот резултат.
Од Скопје најмногу се летало до Истанбул , Базел-Милуз , Минхен, Дортмунд и Цирих .

