Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Годишен состанок на мрежата MCR2030: Соработката меѓу институциите од суштинско значење за унапредување на отпорноста на катастрофи

Справувањето со кризите и намалувањето на ризиците од катастрофи бара заедничка одговорност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Справувањето со кризите и намалувањето на ризиците од катастрофи бара заедничка одговорност и координиран пристап на централната и локалната власт, како и на меѓународните партнери, беше истакнато на годишниот состанок на мрежата „Making Cities Resilient 2030“ (MCR2030), што се одржува во Струга во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан, истакна дека соработката меѓу институциите е од суштинско значење за унапредување на отпорноста на катастрофи во земјава и во поширокиот регион на Западен Балкан.

– Оваа средба претставува важна можност да ги обединиме општините, националните институции и развојните партнери, со цел да го зајакнеме нашиот заеднички пристап кон намалувањето на ризиците од катастрофи и заедничките заложби да ги преточиме во конкретни активности на локално ниво, истакна Григоријан.

Реклама

Северна Македонија, посочи тој, се соочува со меѓусебно поврзани ризици – од поплави, шумски пожари, суши и екстремни временски услови, до земјотреси и свлечишта. 

– Економските последици се значителни. Проценката на Светската банка од 2024 година покажува дека Македонија во период од две децении претрпела загуби од 667 милиони американски долари поради поплави и екстремни временски услови, а во следната деценија ќе бидат потребни 6,4 милијарди американски долари инвестиции за адаптација кон климатските промени. Ова ја нагласува потребата од инвестирање во превенција, подготвеност и отпорност- рече Григоријан.

Во рамките на состанокот тој посочи дека ќе се спојат искуствата на општините со националните приоритети и ќе ги идентификуваат областите за натамошна соработка. 

– Со поддршка на општините во проценката на ризиците, идентификувањето на приоритетите и развивањето локални стратегии за отпорност, иницијативата обезбедува практичен пат за претворање на знаењето за ризиците во подобри одлуки за планирање и инвестирање- истакна Григоријан.

УНДП, нагласи, останува целосно посветена на соработката со Владата, општините и сите партнери во насока на зајакнување на управувањето со ризиците од катастрофи и градење поотпорни и поинклузивни заедници низ Северна Македонија.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али изрази убедување дека состанокот ќе придонесе за размена на искуства, зајакнување на партнерствата и утврдување конкретни чекори кон побезбедни заедници.

– Соочувањето со современите ризици и предизвици бара заеднички пристап, навремена подготовка и силна меѓуинституционална соработка. Во таа насока, ЦУК останува посветен на унапредувањето на координацијата и превенцијата во кризни состојби- истакна Али.

Годишниот состанок на мрежата „Making Cities Resilient 2030“ (MCR2030) се организира во рамките на проектот „Зајакнување на прекуграничната соработка и капацитетите за намалување на ризици од катастрофи и системи за рано предупредување во Западен Балкан“ во рамки на иницијативата „Отпорен Западен Балкан“.