Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Ја напуштила татковината за да се спаси, но сопругот ја запалил жива пред очите на детето: Потресна исповед на ОБСЕ конференцијата за фемицидот

Со години била жртва на насилство од страна на нејзиниот сопруг. Пријавувала,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со години била жртва на насилство од страна на нејзиниот сопруг. Пријавувала, биле изрекувани заштитни мерки, но малтретирањето не сопирало. Ја напуштила својата татковина, но сепак ја нашол и ја запалил жива пред очите на нивното заедничко дете.

Оваа потресна судбина на една жена денес можеше да се слушне на конференцијата, организирана од ОБСЕ, за борба против фемицидот, проблем кој и понатаму треба да се решава на глобално ниво. Експертите велат дека на убиството на жени и девојки често му претходи историја на контрола, демнење, закани, физичко, психичко, како и сексуално насилство.

На дводневната конференција беше испратена едногласна порака дека „фемицидот може да се спречи“. Експертите посочуваат – земјите да се осврнат прво кон обуки за обвинителите и судиите, за тоа како да ги препознаваат и во која насока да се движат истрагите.