Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека има заклучок на Владата по извештајот за непотребните операции на срце, но тој не може во моментот да постапи, бидејќи сѐ уште нема сертификат за државна безбедност, односно безбедносен сертификат.
– Секако има заклучок на Владата, само што јас не можам во моментот да постапам бидејќи сѐ уште немам сертификат за државна безбедност, односно безбедносен сертификат. Јас имам аплицирано, го поминав интервјуто и очекувам дека штом се создадат законски услови ќе го направам тоа, како што имам направено за сите претходни случаи каде што имаме сомнеж за сторен криминал, рече Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот на Институтот за јавно здравје, каде се вршеа бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на срцето.

