Нулта толеранција за семејното насилство. Невладините и државните институции ги здружуваат силите за ефективната реакција на пријавите за родово базираното насилство. За таа цел направија системско вмрежување со кое ќе се подигне нивото за делување на овој проблем. Со ова системот треба да се погрижи не само да се евидентираат случаите на семејно насилство туку и да има реакција и разрешница. Професорката Стојанка Мирчева вели дека не треба да има никаква толеранција за семејното насилство.
-Дали ќе ја научиме лекцијата како општетство, дали сериозно ќе чекориме по патот на нема толеранција за насиство врз жени. Нема сама си го барала. Нема таква ти е среќата. Нема сама го избра. Туку навистина како општетсво да не дозволиме понатаму нити едно насилство да остане минимизирано-истакна професорката Стојанка Мирчева.
Додава дека насилниците не смеат да бидат приивилегирани и неказнети а жените постојано да бараат излез од нивната голгота низ системот. Општетството и институцоите треба да бидат секогаш тука за нив. Според професорката недоволно се спроведени обуки на професионален кадар и фуинкционални институции. Тоа ќе се постигне со мултисекторски тимови кои меѓусебно ќе соработуваат.
-Само заедно само со сертифицирани обучувачи. Само со мултисекторски тимови може да се пружи соодветен одговор на институциите и на сите останати и на невладините при креирање на при креирање на одговор за семејно и родово базирано насилство– истакна Светлана Цветковска од секторот за еднакви можности при МТСП.
Токму овој проект вели Цветковска би ги обедиинил сите. За таа цел се започнати спецјализирани обуки и нивно вмрежување. Ова ќе придонесе во иднина секоја пријава за семејно насилство да има разрешница и е најдобриот начин како да се справиме со овој проблем. Проектот го спроведоа Министерството за социјална политика, демографија и млади и Фондот за население на Обединетите нации , во соработка со повеќе национални институции и со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.

