Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на Филипче само да се биде против, ја турка СДСМ во уште поголема криза и кон целосно исчезнување

Венко Филипче и СДСМ продолжуваат да ја градат својата политика единствено врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и СДСМ продолжуваат да ја градат својата политика единствено врз принципот да бидат против ставовите на власта, без јасна визија и конкретна понуда за граѓаните. Таквата политика, наместо консолидација и создавање сериозна опозициска алтернатива, на СДСМ му донесе дополнителни поделби, раздор и партиски дебакл, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На очиглед на целата јавност се случуваат јавни меѓусебни пресметки и навреди, борба за превласт, истакнување и позиционирање на политичката сцена на разните фракции во СДСМ.

Наместо да се обединат во една опозициска опција, за каква што има потреба Македонија, со јасни и аргументирани ставови, со предлози и издржани критики, секој во СДСМ си гледа за себе, а најмногу Филипче.

Реклама

Да не му се загрози столчето во СДСМ, кое и онака верно му го чува на Зоран Заев, Филипче со дрва и камења кон секој кој размислува различно од него, така и кон власта што сака државата да ја направи напредна и развиена земја.

Ставот на Филипче само да се биде против без јасна визија и политичка алтернатива, е погубен за СДСМ и со сигурност, и онака слабата, партија ја доведува до целосен распад.

Што се однесува до нас, стоиме на нашиот став дека тоа се внатрешни работи на една политичка партија, во случајот СДСМ, но како одговорна владејачка партија, сметаме дека слабеењето на опозицијата не е добро за демократскиот процес и за државата.

На Македонија и треба силна, консолидирана и согласна опозиција, која ќе биде коректив на власта, а не вака внатрешно, меѓусебно раскарана опозиција која не им нуди никави решенија и алтернатива на граѓаните, со став да се биде против, колку да се биде против.

Затоа и им порачуваме на СДСМ, дека не може да го потценува народот, затоа што тие многу добро знаат зошто ја дадоа својата доверба на ВМРО-ДПМНЕ, а зошто на нив им даде црвен картон.

Редно е Венко Филипче да ја разбере оваа јасна политичка порака и ако сака да ја консолидира и стабилизира партијата, мора да разбере дека политиката да се биде исклучиво против не е визија, туку дека тоа води единствено кон тонење и исчезнување на СДСМ.