Реклама

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Мицкоски: Нема да се повлечеме од податочните центри и антимонот, тоа е иднината на земјата

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Македонија

Промоција на книгата „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“ од академик Таки Фити

Книгата „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“ од академик Таки Фити денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Книгата „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“ од академик Таки Фити денеска ќе биде промовирана во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Станува збор за студија посветена на неолибералните економски модели кои доминираат во современиот свет, со анализа на факторите што придонеле за нивниот подем, причините за кризата на неолибералниот концепт и можните насоки за развој на поодржливи и поправедни економски системи.

Посебно место во книгата е посветено на македонскиот економски модел, неговите карактеристики и отстапувањата од практиките на развиените економии, како и на можните решенија за надминување на клучните развојни предизвици.

Реклама

Настанот ќе го отвори академик Владо Камбовски, уредник на изданието, додека за содржината и главните пораки на книгата ќе говори професорот Владимир Филиповски од Економскиот факултет при УКИМ.