Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Клековски: Болницата „Св. Еразмо“ до Нова година со ново крило и четири современи операциони сали, инвестиција од над два милиони евра

– Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото крило, со што ќе добие четири современи операциони сали – најави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Клековски информира дека по повеќе од една година работа со раководството на болницата, затворена е финансиската конструкција за завршување на новото крило, инвестиција што ќе надмине два милиони евра. Средствата, како што наведе, ќе бидат обезбедени од повеќе извори, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, буџетот на болницата, други државни институции и донации од општествено одговорни компании.

– Избран е доставувач, кој треба да ги заврши градежните работи, а во врска со постапките за набавка на опрема – некои се во тек, други ќе бидат обновени. Јас би ставил рок до Нова година, фактички цела нова болница да биде ставена во употреба – рече Клековски.

Реклама

Тој посочи дека од сегашниот капацитет од речиси една и пол операциона сала, „Св. Еразмо“ ќе добие четири современи операциони сали.

– Со тоа ќе биде завршена оваа голгота, која е почната многу одамна, некои од вас и деца биле, претпоставувам, кога сето ова почнало – рече Клековски ветувајќи дополнителни активности за подигнување на стандардите во здравството и воведување нови и современи процедури.

Клековски оцени дека Охридско-струшкиот Регион во повеќе области обезбедува здравствени услуги на високо ниво, притоа како пример посочувајќи ја болницата „Св. Еразмо“.

– За две години постигнато е 40 проценти зголемување на бројот на интервенции на колкови, а „Св. Еразмо“ е веќе во кругот на трите најзначајни установи во кои се вршат вакви интервенции заедно со Клиничкиот центар во Скопје и болницата „8 Септември“ – рече Клековски.

Тој особено го истакна почетокот на интервенциите на колено посочувајќи дека во оваа област има потреба од зголемување на бројот на интервенции.

Директорот на Специјалната болница „Св. Еразмо“, Хари Шокаровски, посочи дека станува збор за уште еден голем инвестициски циклус за завршување на долгогодишниот проект и ставање во функција на новите операциони сали и другите болнички простории.

Тој нагласи дека со новата опрема и подобрените услови значително ќе се унапредат болничкиот стандард, условите за работа и лекувањето на пациентите.

– Ќе се потрудиме да станеме една, можеби, најрепрезентативна институција од областа на ортопедијата и неврохирургијата. Со поддршка на Владата сакаме да станеме референтен центар во ортопедијата и неврохирургијата – рече Шокаровски.

Тој изрази оптимизам дека сите предвидени активности ќе бидат завршени во посочениот рок и оти „Св. Еразмо“ ќе биде современ здравствен објект што ќе ги задоволува потребите на пациентите од земјата, но и од поширокиот регион.