Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска се сретна со жителите на на урбаната заедница 11 Октомври-Бараки, поздравена мерката за субвенционирање возачки дозволи за матурантите

Во рамките на новиот циклус теренски посети низ месните и урбаните заедници,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на новиот циклус теренски посети низ месните и урбаните заедници, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска придружувана од тим раководители и претставници на општинските сектори се сретна со жителите на урбаната заедница 11 Октомври-Бараки.

На средбата беше направен кус преглед на проектите кои општината ги спроведе во изминатиот период. Во тој контекст се разговараше за асфалтирањето на улицата „Лазар Димитров“, доуредувањето на големиот парк спроти трим-патеката, како и нејзиното тековно одржување. Воедно, од страна на граѓаните, како позитивна беше посочена и мерката за субвенционирање возачки дозволи за матурантите, преку која младите од овој дел на општината добија финансиска поддршка од 10.000 денари, соопштија од општината.

Главниот фокус на отворениот дијалог, сепак, беше ставен на детектирање на новите приоритети и тековните предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Во таа насока, присутните посочија неколку барања за унапредување на инфраструктурата и комуналните услови, како што се поставувањето дополнително осветлување долж трим-патеката, промена на сообраќајното решение во делот кај Цементарница „УСЈЕ“ (спроти „Стокомак“), како и поставување заштитни столпчиња на булеварот „Борис Трајковски“.

Реклама

Жителите истакнаа потреба и од дислокација на контејнерите за пластичен отпад, чистење на Усјанскиот канал, како и поредовно собирање на отпадот од страна на ЈП „Комунална хигиена“. Дополнително, беше побарано поставување нови реквизити на детското игралиште лоцирано на десниот крак од булеварот „Борис Трајковски“, како и враќање на трасата на автобуската линија број 4, која во минатото сообраќаше до самиот објект на урбаната заедница,. 

Од општината информираат дека сите изнесени забелешки и барања се детално нотирани од стручните служби со цел да се пристапи кон нивно решавање, а директниот дијалог на терен продолжува и во наредниот период, при што со овој циклус посети ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници во Кисела Вода.