Приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство за злоупотреба на службената положба за лична корист, неофицијално дознава Алфа. Според неофицијалните информации, користејќи ги овластувањата, таа вршела контрола и барала документација која не била потребна, а за да издаде позитивен записник, барала мито. Овој случај е последен во низата со кој институциите испраќаат јасна порака дека во Македонија нема простор за злоупотреба на службената положба, туку секој што е платен од граѓаните има обврска да си ја врши работата професионално и законито.